19.06. 2009 год. - храмот на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 31)
Во она време дојдоа при Исуса учениците Јованови и рекоа: „3ошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат!“ А Исус им рече: „3ар можат сватовите да бидат нажалени додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат дни кога младоженецот ќе се оттргне од нив, па тогаш и тие ќе постат. Зашто никој не крпи стара облека со нова крпа, оти таа ќе се отшие од старото и отворот ќе биде поголем; ниту, пак, се става ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукаат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото.“
Кога Господ ќе ја допре душата, таа сета се обновува, но тоа можат да го разберат само тие што Го познаа Господ преку опит, бидејќи без Светиот Дух не може да се познае небесното. А истиот Дух, Господ Го даде и на земјата. Кој ќе ја опише радоста на познанието на Господ, и радоста на ненаситниот стремеж кон Него дење и ноќе? О, колку сме блажени и среќни ние христијаните! Нема ништо поскапоцено од тоа да се знае Бог. И нема ништо полошо од тоа да не се знае Бог. Но, блажен е и оној што, иако не Го знае, верува.“
Денес, на19 јуни 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на преподобен Висарион, преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана и преподобен Иларион Нови, во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.