Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и со одлука на Управниот Одбор на Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ – Малме –Шведска, од 06.06.2009 година, со Божја помош и закрила на патронот на Црковнатат Општина, Свети Наум Охридски –Чудотворец, продолжуваат градежните работи на Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа во Малме.
Во оваа фаза предвидено е да се направи надворешна фасада, кров и се постават пете крстови на куполите од црквата.
Сите оние кои сакаат да го помогнаат оваа благоугодно дело можат да се обратат до УО на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме –Шведска.
Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски