Храм на св. Петка, Скопје - 05 .06. 2009 год.-
Денес, на 5 јуни 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на преподобниот маченик Михаил, преподобна Ефросинија и свети Михаил, епископ Синадски , во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 57)
Во она време, ги подигна Исус очите Свои на небо и рече: како Ти Оче што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив Јас се посветувам, за и тие да бидат осветени преку вистината. Но не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сè едно, и да узнае светот дека Ти си Ме пратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, оти Ме возљуби уште пред да сè создаде светот. Оче Праведни, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме пратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив. И Јас во нив.” (Од Верскиот календар на МПЦ)
Свети апостол Јаков
Никој, кога е во искушение, да не вели Бог ме искушува. Бидејќи Бог со зло не искушува и Он никого не искушува, но секого го искушува неговата похот која го влече и мами.
Посети: {moshits}