На 31 мај, МПЦО „Св. Спас“ од Хановер, Германија ја посети Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен. Неговата посета беше во чест на одбележувањето на 25 годишниот јубилеј од основањето на МПЦО „Св. Спас“ која воедно е и првата Црковна општина основана на територијата на Германија. Светата Божествена Литургија беше збогатена и со присуството на протоереј-ставрофор Блажо Кожарски од Малме-Шведска, протоереј Стеван Илиоски од Дортмунд и ѓаконот Илија од Малме. Покрај свештениците беа присутни и гости од други градови на Германија како Дортмунд, Берлин, Хамбург, Бремерхафен, Бремен и др. со што покажаа како треба да се дружат Македонците и како треба братски да се помагаат Црковните општини помеѓу себе.
известува отец Дејан Трајков, Хамбург