22. мај 2009 год.- храм на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Јован 37
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас душата Своја си ја полагам за да ја примам пак. Никој не Ми ја отима, туку Јас Сам од Себе ја давам. Имам власт да ја дадам и власт имам пак да ја примам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.” И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови. Мнозина од нив велеа: „Бес има и не е *при Себе. Зошто Го слушате?” Други велеа: „Ова не се зборови на луд човек; може ли луд човек на слеп да му отвори очи?” А беше тогаш во Ерусалим празникот Обновение и беше зима. И одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов. А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено?” Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. *Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. Но вие не верувате, оти не сте од Моите овци, како што ви реков.“
Од Православниот календар на МПЦ (22.05.2009)
Посети: {moshits}