08 мај 2009 год.- храм Благовештение, Скопје
Глас трети:
Откако се научи кај врховниот Петар, си бил апостол Христов, и како сонце си засветлил, на сите страни, блажени, станувајќи украс на Александрија. Преку тебе Египет се ослободи од измамите, како светол столб црковен со своето евангелско учење сите ги просвети. Затоа твојот празник го почитуваме и радосно ликуваме, богогласни Марко, моли Го од тебе проповеданиот Бог, да ни даде прошка на гревовите на нашите души.
Денес, кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол и евангелист Марко и свети Анијан епископ Александриски, во храмот Благовештение ( во кругот на Клиничкиот центар), во Скопје, се отслужи Божествена Литургија .
Посети: {moshits}