03. 05. 2009 год.- храм на св. Јован Крстител, Скопје
Денес, кога Светата Црква го слави споменот на pреподобен Теодор Трихина, bлажениот Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски, Преподобен Анастасиј Синајски , во храмот на св. Јован Крстител во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести си Светите Тајни Христови.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко 69
Во она време штом мина саботата, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса. И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето, па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“ И кога погледаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу. А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“ Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.
Старец Паисиј Светогорец
Оние коишто се брзаат да станат духовни отци, а сè уште имаат духовни отрови, наликуваат на зелени дуњи, та колку шеќер и да им ставиме, нема да направиме вкусно слатко, а и да го зготвиме брзо ќе се скисели. Пофалните зборови и големите вистини имаат вредност само кога се изречени од вистинска уста, а ги восприемаат само добронамерните души и големите луѓе што имаат чист ум. (Евангелска поука-МПЦ)
Друго:
Жени мироносици
Третата недела по Велигден е посветена на жените мироносици што дојдоа да го измијат телото на Спасителот по Неговата смрт и кои постанаа први сведоци на Неговото Воскресение. Се пеат, уште еднаш, трите тропари од Великиот петок и од нив се дава содржината на овој ден:
Благообразниот Јосиф, откако го симна од дрвото пресветото Твое Тело, го обви во чиста плаштаница, и откако го помаза со мириси, во нов гроб го положи.
Кога слезе во смртта, Животе бесмртен, тогаш го умртви адот со блескавоста на Божеството.
На жените мироносици кај гробот им се појави ангел и гласно им рече: миро му приличи на умрените, а пропадливоста на Христа му е туѓа. Туку воскликните: Воскресна Господ и му дарува на светот голема милост. (Томас Хопко)
Посети: {moshits}