логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Slave.Beb.jpg


01. 05. 2009 г. - храм на св. Петка во Скопје

Slave.Beb.jpg

Slave.Beb.jpg

Slave.Beb.jpg

Slave.Beb.jpg

Денес, кога Светата Црква  го слави споменот на преподобен Јован, светиот маченик Јован Нови Јанински  и светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан  , во храмот на св. Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести си Светите Тајни Христови.

Slave.Beb.jpg

 Slave.Beb.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Јован

Рече Исус на Јудејците: „Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата Моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил. Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско. Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинско тоа сведоштво, со кое Он сведочи за Мене. Вие пративте при Јована и тој ви посведочи за вистината. Само Јас не го примам сведоштвото од човек; туку го кажувам ова, за да се спасите вие. Тој беше светило, што гори и свети, а вие малку време сакавте да се порадувате на неговата светлина. Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; оти делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот. И Отецот, Кој Ме прати, Сам посведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној, Кого Го пратил Он. Прегледајте го Писмото, зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за Мене. Но не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот. Од луѓе слава не примам, но ве разбрав, дека во себе љубов Божја немате. Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите. Како можете вие да поверувате. Кога примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате? Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да говори против вас - Мојсеј, на кого вие се надевате. Оти, ако бевте му верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. Ако, пак, на неговите напишани работи не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?” Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско. И по Него одеше многу народ, оти ги гледаа чудесата Негови, што ги вршеше над болните.

Свети Марко Подвижник

Кога се сеќаваш на Бога, умножи ги своите молитви, за да се сети и Бог на тебе, кога ти ќе Го заборавиш. (Извор: МПЦ)

Slave.Beb.jpg

 Slave.Beb.jpg

Slave.Beb.jpg

Од Верскиот календар на МПЦ

Преподобен Јован

Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин го подложи Св. Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со Св. Јосиф Песнописец. Кога Св. Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта Св. Јосиф го погреба близу до гробот на неговиот учител Св. Григориј.

Светиот маченик Јован Нови Јанински

Родум од Јанина, некогаш престолнина на царот Пир. Кога неговите сиромашни родители умреа, младиот Јован се пресели во Цариград и таму го продолжи својот занает (бидејќи беше занаетчија). Не многу пред тоа Турците го освоија Цариград и многумина христијани од страв се одрекоа од Христа и примија ислам. Продавницата на Св. Јован беше токму меѓу овие потурци. Колку што повеќе тој гореше од љубов кон Господ Христос толку посилно се изразуваше како христијанин меѓу предавниците на Христа. И почна да се препира со нив за верата, а најпосле и да ги укорува за предавството. Тие тогаш го одвлекоа на суд и лажно го обвинија дека божем порано го примил исламот, но повторно се вратил во христијанството. Откако го мачеа и биеја со стапови и со железни шипки, го фрлија в затвор. Другиот ден, беше Велигден, повторно го поведоа на мачење, а Јован излезе радосно пеејќи: „Христос воскресна од мртвите!“ На своите мачители храбро им рече: „Правете што сакате за поскоро да ме испратите од овој краткотраен земен живот во животот вечен: јас сум роб Христов, Христа Го следам, за Христа умирам, за да живеам со Него!“ По ова го врзаа во синџири и го одведоа да го запалат. Кога го виде големиот оган подготвен за него, Свети Јован самиот потрча и скокна во пламенот. А неговите мачители штом видоа како скока и колку ја сака смртта, го извлекоа од огнот и го осудија на смрт со меч. Откако му ја отсекоа главата, ги фрлија и телото и главата во огнот. Подоцна христијаните ја растргнаа пепелта и собраа некои остатоци од неговите чесни и чудотворни мошти и го погребаа во Великата Црква во Цариград. Свети Јован Јанински најде маченичка смрт и прими венец на Божествена слава на 18 април 1526 година.

Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан

Сите намачени во времето на царот Диоклецијан. Додека не ги видоа маките на Светиот великомаченик Георгиј беа незнабожци. Но кога ги видоа неговите маки и храброста на славниот Христов маченик, сите чудесии што се пројавија во времето на неговото страдање, ја примија христијанската вера за којашто наскоро и самите пострадаа и се овенчаа со слава.

 Slave.Beb.jpg

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/01/2025 - понеделник

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная