„Навистина е света и најпразнична оваа ноќ, и појасна од светлоносниот ден, станувајќи гласник на воскресението; во неа вечната светлина засветли за сите во тело од гробот” (Воскресен канон)
Во манастирска одаја гори Благодатниот оган, тивко присуство на примениот Божји благослов.
„Дојдете примете светлост од невечерната светлина!”
Благодарение на игуменот на Бигорскиот манастир- Архимандрит Партениј, на полноќ, кога настапи Христовото воскресение, со свечена литија до манастирските порти, тој го прими Благодатниот оган кој пристигна во Бигорскиот манастир. А од тој миг, таа неземна благодатна светлина се пренесува низ целата наша татковина. Блесокот од овој божествен пламен верните чеда го донесоа и во манастирот на св. Никола и останатите манастири и православни домови во Република Македонија.
Христово воскресение во Бигорскиот манастир-
Да се помолиме за сите оние кои никогаш не ја почувствувале оваа радост, да се помолиме за нашата татковина која с? што има Му должи токму на Воскреснатиот Христос. Просветата ја должиме на светите монаси Кирил и Методиј, кои се жртвуваа за еден народ кој ја заборавил светата вистина. Инспирирани од воскресната радост, инспирирани од светата љубов, тие дојдоа во словенските земји и го проповедаа Светото Евангелие. А сега Уставниот суд како еврејскиот Синедрион на Велика среда кажа: „Нема место за Христа во просветата!” Тоа е страшно, тоа е ужасно, срамно за нашиот род. Но, нека знаат сите што се борат против Христа дека само навидум тие Го победиле. За кратко време Он воскреснува. Така ќе бидат победени безбожниците, како што кажавме и во воскресната вечерна молитва: како што исчезнува димот така ќе исчезнат... бидејќи патот на безбожниците води кон погибел...
Радувајте се, помолете се за целата наша татковина за да влезе светлината Христова во срцата на сите луѓе. Му благодариме на Бога што н? удостои вечерва да го имаме во нашите раце Благодатниот оган, што на чудесен начин секоја година слегува во Светиот Гроб Христов и му ги пали свеќите на Ерусалимскиот патријарх. Преку Солун и ние оваа вечер го имаме Благодатниот оган. Им благодариме на благочестивите христијани, Македонци и Грци, бидејќи сите сме едно во Христа, кои ни овозможија и ние да имаме благослов од овој оган над целата наша татковина - светлина во македонската земја. Христос воскресна!”