Скопје 18/19 .04.2009- Светата и најголема празнична ноќ
Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, во Република Македонија најмасовно беше прославен во Скопје, во соборниот храм на свети Климент Охридски. Со Воскресенската богослужба, која започна во 23,00 часот, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.ф. Стефан. По опходот околу Соборниот храм “Св. Климент Охридски” и објавата на Христовото Воскресение, продолжи Воскресна богослужба со Литургија на Св. Јован Златоуст.
Со биењето на камбаните и пеењето на Воскресниот Kанон, во сите храмови на Македонската Православна Црква се објави славното Христово Воскресение.
Ирмос 1
Ден е на Воскресение! Dа се просветиме, луѓе.,
Пасха е, Господова Пасха!
Zашто од смртта кон животот, и од земјата кон небото,
Христос Бог не преведе, победна песна пееме:
На свечена богослужба, по повод најголемиот христијански празник, пред Соборниот храм на свети Климент Охридски, во Скопје, се собраа неколку илјади верници. Со свеќи во рацете, симболот на светлината на Христовиот гроб, традиционално присуствуваа на Божјото Воскресение, кршејќи ги црвените јајца, симболот на кршење на портите на пеколот, тие си го честитаа Велигден.