логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  На 26 март 2009 година,  во салата „Архиепископ Доситеј" на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски"- Скопје, се одржа јавна трибина на тема:  „За стресот“, (од теолошка гледна точка и толкување, и од психијатриски аспект).. Предавачи беа : проф. д-р Методи Чепреганов, проф. д-р Илија Џонов, и проф. д-р Стефан Санџаковски. Координатор на трибината,  деканот проф. д-р Ацо Гиревски, ја отвори тибината и  им се обрати на присутните со радосната вест,  дека Богословскиот факултет, од денес е членка на Скопскиот Универзтетет „Свети Кирил и Методиј“.

  tribina.zastresot.jpg

tribina.zastresot.jpg

 tribina.zastresot.jpg

tribina.zastresot.jpg

                                                            Обраќање на деканот проф. д-р Ацо Гиревски   (координатор на трибината):

tribina.zastresot.jpg

 „Почитувани слушатели и учесници на денешнава Јавна Трибина.

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, зачести со предавања од отворен тип (преку јавна трибина) на разни теми со професори гости и професори од овој Факултет.
Последната таква јавна трибина беше пред неполни три месеци на тема „Македонскиот јазик во современиот превод на Библијата“. Трудовите и дискусијата од трибината потоа се објавија во книга.
Денес Ве поканивме на Јавна трибина на тема за стресот, а предавачи се нашите еминентни и стручни научни дејци: проф. д-р Методи Чепреганов, проф.     д-р Илија Џонов и проф. д-р Стефан Санџаковски.
Почитувани, пред да му дадам збор на проф. д-р Чепреганов, сакам да Ве известам за една радосна вест.
Православниот богословски факултет, како највисока научна установа на Македонската православна црква, познато Ви  дека работи од 1977 година. Досега прославуваше неколку јубилеи: пет години, па петнаесет години, дваесет и, пред неполни две години и триесет.
На сите досегашни прослави се истакнуваа убавите и позитивни работи за развојот на Факултетот во континуитет, меѓутоа се провлекуваше и едно срамежливо жалење што Факултетот не беше во склопот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и покрај нашите цврсти заложби од самиот почеток на основањето на Богословскиот факултет.
Тоа беа други времиња.

tribina.zastresot.jpg

- Денес го имаме РЕШЕНИЕТО!
- Денес ја имаме Државната ЛИЦЕНЦА!
- Денес сме членка на Скопскиот Универзтетет „Свети Кирил и Методиј“!

Запонете го овој ден сие вие, а особено Вие драги студенти на овој Факултет! 
Радувајте се и радоста Ваша нега биде полна! Амин.

А сега му давам збор на проф. д-р Методи Чепреганов да го произнесе своето предавање. Заповедајте професоре! “


 tribina.zastresot1.jpg

проф, . д-р Методи Чепреганов-

 „СТРЕС И РАСТРОЈСТВА ВО ПРИСПОСОБУВАЊЕТО-адаптацијата“

„Вероватно најчесто употребуваниот збор во секојдневниот живот. Во оваа  дебата Проф. Санџаковски, проф. Џонов и јас ке се обидеме да ве запознаеме и внесеме во тајните на стресот во нашето секојдневие, секој од свој аспект, имено Проф. Санџаковски од теолошка гледна точка и толкување, а проф. Џонов и јас од психијатриски аспект. Темата е цивилизациска, секогаш отворена, неисцрпна, но и крајно енигматична
Според МКБ-10, (меѓународна класификација на болести) во оваа категорија се вклучени одредени растројства кои можат да се идентифицираат не само по симптоматологијата туку и по причинската поврзаност со одредени стресогени животни ситуации кои создаваат акутна стресна реакција или пак значајни животни промени, односно континуирано непријатпи околности, што доведува до растројства во приспособувањето.
Растројствата (или маладаптивнитпе одговори) настануваат како директна последица од акутниот тежок стрес или пак на континуирана траума - пролонгирана стресогена состојба“. ( Повеќе)

tribina.zastresot.jpg

tribina.zastresot1.jpg

 Проф. д-р Илија Џонов

tribina.zastresot.jpg


  tribina.zastresot1.jpg

Проф. д-р Стефан Санџаковски.

  tribina.zastresot.jpg

tribina.zastresot.jpg

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная