Во среда од четвртата седмица на Светиот Пост, кога Светата Црква го слави споменот на преподобен Теофан Исповедник и преподобен Симеон Нов Богослов во храмот на св. Петка во Скопје, се отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Самогласен. Грас4.
Постот, разделителот на добра, до своја половина сега дојде, откако во изминатите денови благоугоди и за наредните полза предлжи, зашто напорот за правење добро, многу добра твори. Затоа на дарителот на сите добра - Христос, благоугодувајќи да му запееме:Ти, Кој заради нас постеше, и распнување претрпе, удостој не, нас, кои во мир живееме и достојно со Отецот и Духот Те славиме, неосудено да земеме удел и во Твојата Пасха Божествена.
Посети: {moshits}