Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г.Методиј, на 23. Септември, благоизволи да богослужи и проповеда во Македонската Православна Црква Раѓање на Пресвета Богородица во Стерлинг Хајтс, Мичиген, САД а во сослужение на повеќе свештенослужители и голем број македонски православни верници од Детроитската метропола.
По отслужената Света Архиерејска Литургија се изврши и осветување на ново насликаната надворешна фреска со ликот на нашиот Господ Исус Христос.
Известува
Протојереј Митко Попоски
Посети: {moshits}