Денес кога нашата црква го слави денот на Св.40 Севастиjски маценици, Митрополитот Европски г.Пимен, во сослужување на отец .Арсениј отслужи Архиерејска Божествена Литургија во македонската православна општина ”.Св.Наум Охридски” во Виена.
На крајот на Литургијата Митрополитот г.Пимен има се обрати на присутните верници со срдечни зборови и нагласувајќи го овој празник како историски момент за македонците во Виена, на прагот на стекнуванје наше мало свето катче, и уште еден Божји храм во Европската епархија. .Имено, тоа беше само дел од одлуките кои се донесоа ден порано на Годисното собрание на МПЦО” Св.Наум Охридски” -Виена.
Во исчекување на официјалното соопштение од Митрополитот г.Пимен , срдечно Ве поздравуваат и Ви посакуваат богоугодни Велигденски пости, Вашите браќа и сестри од Виена.
Известува: Антоанета Левковска
Посети: {moshits}