Храм на св. Јован Крстител, Скопј , 01.03.2009 г.
Денес, на празникот на светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан , свети Марут и преподобниот маченик Роман, во црквата на св. Јован Крстител во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите тајни Христови. Во беседа за простувањето, се говореше за празникот Прочка и како треба да се подготвиме за престојниот Велики пост кој започнува од понеделник.
Посети: {moshits}