На 11/24 фебруари, нашата црква во Детроит го прослави својот заститник- Светиот Великомаценик Георгиј Кратовски.
Во неделата на Страшниот Суд, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Американско-Канадски Методиј отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија во преполниот храм на Св. Маченик Георгиј Кратовски во Деторит.Во врска со евангелието на тој ден, од страна на владиката беше принесена и пригодна беседа.За време на Литургијата во чин на чтец беше ракопроложен американецот со македонско потекло- Михаел Наифе, дипломец на Православна ѓаконска академија. Мноштво на деца се причестија со Светите Христови Тајни, а после службата беше принесена и трпеза на љубовта.
Во името на сите парохјани од нашат црква, ви испракаме срдечни поздрави и посакуваме достојна припрема за пречекот на Христовото Воскресение со мирен и блажен пост!
За ПреминПортал од Детроит: Марјан Радевски