Манастирска црква на св.вмч Георгиј, Криви Дол, Скопје
22 февруари 2009 год.
На денешен ден, во Недела месопусна, кога Светатат Црква го слави споменот на светиот маченик Никифор и светиот свештеномаченик Петар Дамаскин , во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгиј во Скопје, се отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Стихови:
Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја,
Удостој ме и мене да го слушнам овој глас: „Дојдете, благословени на мојот Отец!"
Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи: Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот (кога ќе се покаам), сум си ја завршил целата работа. Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што не очекува еден ден по смртта, та оние што овој живот го минуват во мрзливост и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добродетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие, но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела. Инаку, и душите на починатите треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин - Страшниот суд, ќе биде конечен за сите нас.
По Литургијата, презвитер Игор Калпаковски, ја информира црковната заедница во храмот на св.вмч. Кеоргиј во Криви Дол во Скопје, дека во иднина, ќе богослужи како парохиски свешетник во Ново Село - Ѓорче Петров, во надлежност на црквата на св. Петар и Павле.
ПреминПортал
Посети: {moshits}