Манастир на св. Никола, с. Љубанци, (скопско)- 12. 02. 2009 г.
На денот, кога Светата Црква го слави споменот на Тројцата Свети архиереи и светиот свештеномаченик Иполит, во манастирската црква на св. Никола, во селото Љубанци ( скопско) се отслужи Божествена Литургија.
Глас први:
Три најголеми светители на Трисолнечното Божество ја просветија вселената со лачите на божествените догмати. Овие медоточни реки на премудроста, сите созданија со водите на богопознанието ги напојиа. Василиј Велики и Григориј Богослов со славниот Јован - златоговорливиот јазик, сите ние собраните ги љубиме поклонувајќи им се, со песни ги почитуваме. Зашто тие за нас на Света Троица секогаш се молат.
Посети: {moshits}