Храм, Рождество на Пресвета Богородица - Скопје, 16ч.
Господи, повикав кон Тебе: - Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: - Услиши ме, чуј го гласот на моето молење,кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитвата како кадило пред Тебе, а воздигнувањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Денес во храмот Рождество на Пресвета Богородица, се отслужи вечерна служба во чест и слава на Собор на светите седумдесет aпостоли, и преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец.
Поука:
Старец Паисиј Светогорец
Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час.
Посети: {moshits}