“Христос, вистинскиот Син Божји, Кој не само што е наш Бог, туку благоволи (преку Неговото раѓање од Дева) да ни биде и Брат и Отец, и не само тоа, туку и Глава, Која сите нас не собира во едно Тело и прави да бидеме органи еден на друг во Него Самиот” (Св. Григориј Палама)
Поради постојани патувања низ Европската епархија и неможноста да одговори поединечно на сите кои упатија до него честитки по повод Христовото Рождество, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Пимен на сите духовни чеда на Европската епархија и Македонската православна црква, и на сите кои го упатија радосниот ангелски поздрав, им упатува благослов и честитки во спомен Раѓањето на Богомладенецот и за празниците кои претстојат.
Христос се роди! Навистина се роди!
Од Канцеларијата на Европската епархија