На сите читатели, дописници и на редакцискиот одбор на ПреминПортал и магазинот Премин како и на целиот Македонски народ ви го честитаме празникот на животот, Раѓањто на насиот Спасител Господ Исус Христос и на сите ви посакуваме, светлината што Господ ни ја донесе да остане во срцата на сите верни. Да живееме во мирот Божји и да го славиме Бога во висините, за наше добро и за спасение на сите.
Иако е работен ден во овој дел на Америка, Македонците од Лос Ангелес и околината заедно со своите рожби денес ја исполнија црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица. Тие ги оставија работните места па дури и училиштето и дојдоа заеднички да го прославиме Раѓањто Христово-Божик. Ова беше најголема посета до сега во Лос Ангелес, а се надеваме дека секој си го најде своето место во Домот Божји. Верниот народ со внимание и молитвено ја следесе Светаа Лиургија и се причести со Светите Христови Дарови.
Христос се роди!
Од Лос Ангелес, за Премин Портал,
отец Ристо Рисовски