логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 stefan.bozik.jpg †СТЕФАН

По милоста Божја
Архиепископ Охридски и Македонски,
заедно со Светиот Архиерејски Синод, до свештенослужителите,
монаштвото и до сите верни чеда на Македонската
Православна Црква,
а по повод Божикните празнувања,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

 

Возљубени празникољубци,

Бог е со нас! - воскликнува на овој торжествен празник целата христијанска вселена, зашто оние кои беа во темнина - ја видоа светлината; оние кои беа во неволја и страдања - ја добија својата утеха и слобода; оние кои ја бараа смислата на животот - ја најдоа радоста на постоењето и го видоа отворањето на рајските порти.

Овој ден е денот што го очекуваа старозаветните пророци, денот во кој се надеваа праведниците и денот што им беше ветен на сите кои Го бараа Господа. Денешниов ден е тој ден - денот на Христовото рождество - денот со кој започна делото на Спасителот во светот. Но, денес е и денот кога се испитува и нашата љубов и нашата верност кон Него. Денес е денот од кога пак со нас е Бог, и, конечно, да разбереме сите народи, зашто, навистина, со нас е Бог!

Да се радуваме и да Го воспеваме новородениот Христос, Кој се јави за да донесе мир меѓу луѓето. Бог слезе на земјата, за да му даде можност на човекот да се воздигне на небесата. На денешниов ден се роди долго очекуваниот Емануил, светна Ѕвездата што го најавуваше изгревањето на „Сонцето на правдата”, се јави Утешителот на оние што страдаа, Избавителот на угнетените, Лекарот на болните, Надежта на онеправданите... Ете, зошто денешниов ден е ден за славословие, ден за радост и благодарење. Сонцето на правдата дојде за да му даде утеха на измаченото човештво, да го упати кон правда и вистина и со животворните зраци на божественото учење да ги загрее човечките срца и души. Затоа да пријдеме сите заедно и, придружувајќи им се на ангелите, да Му оддадеме слава на Господа Новородениот, со благодарност за неизречивата милосрдност и за Неговата бескрајна љубов.

На денешниов величествен ден го прославуваме рождеството на Синот Божји, Господ Исус Христос, Кој со Своето спасително дело кон човечкиот род, ги загреа срцата на пастирите во Витлеемската пештера, ги зарадува мудреците од Исток и го утеши сето Адамово потомство. Затоа, сите кои ја разбраа оваа вистина, еднодушно Го прославија новородениот Богомладенец, Го возвеличија Богочовекот Христос. Синот Божји зеде врз Себе човечко тело, за да го ослободи човештвото од оковите на гревот, од темнината и незнаењето, па, дарувајќи ни спасение, нè упати кон правда, вистина и живот.

Затоа да пријдеме и да се поклониме пред скромните јасли, кои блескаат од славата на Бога, зашто Младенецот Христос токму оттука го започна Својот страдален пат на земјата. Да се поклониме, зашто тука е почетокот на нашето спасение, почетокот на нашата вечност.

Христољубиви духовни чеда,

По доаѓањето на Богочовекот на земјата, ние луѓето ја знаеме својата должност, го препознаваме патот по кој треба да одиме. За таа цел ни се отворија небесата, светоста и совршенството повеќе не ни се далечни и непречено можеме да се насладуваме на вечната убавина и близина со Бога. И немоќните и духовно сиромашни не се веќе без надеж. Бог се јави во тело - Синот Божји стана и син човечки и се обнови некогашната заедница меѓу Бога и човекот. Бог се јави во тело - нема поголемо чудо во историјата на човештвото! Оној Кој е Бог, постанувајќи Богочовек, се изедначи со нас луѓето и со тоа ни го врати првоначалното достоинство.

Затоа Божик е денот кога особено се потсетуваме на Неговото велико и спасоносно дело. Божик е денот кога најмногу треба да бидеме со чувствата близу до Витлеемската пештера и да се радуваме за Радоста што се роди на овој ден. Празниците, всушност, затоа и постојат: да размислуваме за поводот што нè собира, да размислуваме колку знаеме за верата и колку го практикуваме тоа на што нè учи Светото евангелие!?

Возљубени чеда во Христа Богомладенецот,

На овогодишниот величествен и торжествен празник, богољубивите срца меѓу нашиот народ чувствуваат дополнителна радост, зашто нашите ученици веќе учат и ќе знаат што празнуваме на Божик, а што на Велигден и што на другите празници. Благодарение на надлежните институции, вероучението се врати во нашиот образовен систем како редовен предмет, со што на нашите најмлади им се даде можност да добијат сестрано воспитание и образование. Со изучувањето на вероучението оваа и идните генерации ќе добијат вистинска духовна надградба, зашто со запознавањето на верата на нашите постари, подобро ќе се запознаат себеси, поправилно ќе го осознаат својот идентитет, ќе се издигнат морално, па така, на правилен начин ќе го градат и општеството во кое живееме. Учејќи се и воспитувајќи се од божествената библиска толеранција, ќе научат да го почитуваат животот, како и оние што на некој начин се поразличен од нив.

Библијата нè учи дека Бог го создал човекот според Својот образ и подобие, што значи дека при создавањето, покрај божествените својства, како што се љубовта, добрината, мудроста и правдољубивоста, на човекот му е дарувано да биде и сотрудник Божји во создавањето на нов живот. За нас, православните христијани, животот и семејството се тесно поврзани меѓу себе, па затоа нашата Света црква го поддржува повикот до родителите да раѓаат повеќе деца. Живееме во времиња со незапамтен пад на наталитетот кај нашиот народ. Затоа нашата Македонска Православна Црква, тргувајќи од мајчинската грижа за своето паство, а и согласно правилата и учењето на Светото првославие, во никој случај не го оправдува насилното прекинување на зачнатиот живот во утробата на жената. Токму и на овој ден, на денот на Божјото рождество, да се потсетиме на светоста на животот и на потребата од повеќе рожби во македонските семејства, зашто единствено тоа ќе н è спаси од можноста да исчезнеме како нација.

Возљубени чеда во Господа,

Како ваши духовни пастири посакуваме во мир, љубов, радост и во меѓусебно разбирање да ги прославиме божикните и престојните празници. Вечните духовни вредности, кои извираат од нашето Свето Православие и нашите древни традиции, нека станат наше секојдневие. Да ги прифатиме како основни критериуми во нашиот живот, опстојувајќи постојано во верата, љубовта и надежта. Врз овие добродетели да ги градиме нашите постапки во животот. За сè пример имаме во вечниот Богомладенец, во Богомајката - Пресвета Дева Марија и сите светии. Просветени од светлината на денешниов празник, да воскликнеме заедно со ангелите: „Слава на Бога во височините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја”.

Испраќајќи ви архипастирски благослови и честитки, вам, возљубени чеда на нашата Света црква, во Татковината и насекаде по светот до каде што нè има како род македонски, Му се молиме на новородениот Богомладенец да останете цврсти во нашата прадедовска православна вера и светиклиментовиот дух секогаш да биде во вашите души и мисли.

Христос се роди! Навистина се роди!

Нека ни е честито и од Бога благословено Новото лето Господово.

   

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН  

заедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската Православна Црква

 

КИРИЛ, Митрополит Полошко-кумановски
ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски
НАУМ, Митрополит Струмички
АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
ПИМЕН, Митрополит Европски
ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

 

На Рождество Христово - Божик,
2008 лето Гос подово.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная