На празникот на Рождеството на Пресвета Богородица, во храмот во Скопје, посветен на Нејзиното раѓање, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополит г. Горазд и бројното свештенство.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По литургијата Архиепископот г.г. Стефан го благослови и го прекрши празничниот колач.