На 29. 11. 2008, на празникот посветен на светиот апостол и евангелист Матеј, во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 40)
Во она време ги повика Исус дванаесетте, им даде сила и власт над сите нечисти духови, и да лекуваат болести, и ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни. И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребро, ниту по две облеки да имате! Но, во која куќа влезете, тука останувајте, и оттаму тргнувајте на пат. А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, ним за сведоштво.“ А кога излегоа, тие одеа по селата, проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.
Посети: {moshits}