Свети Григориј Палама, теолог на светлината
„Светилнику на Православието,
тврдино на Црквата и учителу!
Убавино на монасите,
непобедлив поборнику на богословите!
Чудотворче Григорие,
славо Светогорска,
и проповеднику на благодатта,
моли Го Бога непрестајно
да ги спаси душите наши.“
Овој голем светител од чеиринаесеттиот век, во своето обемно теолошко дело ја синтетизирал богословската мисла на светите Отци во одбрана на свештените тихуватели, исихастите.
Палама својот живот го посветил на вистината дека Живиот Бог е достапен на личното искуство на човекот, бидејќи Он го споделил Својот живот со човечкиот род, станувајќи Воплотен Бог. Недостапен и трансцедентен по суштина, но затоа „преку Своите творечки и промислителни пројави и енергии, присутен во сè“, и причесен. Обожението му се случува на човекот според степенот и мерата на заедничарењето со Живиот Бог.
Централно место во исихастичката традиција зазема Исусовата молитва. Молитвата е срцето на исихазмот. Не како метод или техника, туку како целосно заедничарење со Бог во Исус Христос. Конечната цел на исихазмот е видението или созерцанието на Бог, коешто се остварува во благодатно - љубовно соединување и заедница со Бог во Христос. Самиот збор исихиа значи тишина, спокојство, мир. Оној што тихува буквално и до крај ги исполнува двете новозаветни заповеди за љубов кон Бог и Човекот.
По молитвите на Свети Григориј Палама, Господи Исусе Христе биди милостив кон нас и кон целиот Твој свет...
уредникот
Содржината на овој број на списанието „Премин“ e:
1. Уводник
2. Свети Григориј Палама
3. Од беседата за празникот на Воведение на Пресвета Богородица во храмот / Свети Григориј Палама
4. Репортажа: Манастирот на свети Нектариј Егински
5. Преданието на исихазмот во неговите догматски и аскетски рамки / Митрополит Струмички Наум
6. Послание до владиката Наум / Венко Андоновски
7. Таговна радост, радосна тага / о. Григориј Јакимов
8. Светоотечка ризница
9. Премин Галерија
10. Желка / Тања Битољану Плавшиќ
11. Старец Харалампиј како учител / монах Јосиф Дионисијатски
12. Некои видувања за абортусот
13. Интервју со Рускиот патријарх Алексиј II
14. Евангеливчето / Оливера Павловиќ
15. Средновековните ракописи на територијата на Македонија / д-р Јане Коџабашија
16. Бетмен го брани монаштвото/ Јанко Илковски
17. Пет минути / Горан Величковски
18. Вести од православниот свет
19. Житија
Списанието „Премин“ во овој број подарува DVD со филмот „Пропаст на империјата. Византиска лекција“.
Забелешка: Од овој број на „Премин“, продажната цена на списанието изнеува 60 денари.
Посети: {moshits}