На 26. 11. 2008, на празникот посветен на свети Јован Златоуст и преподобниот маченик Дамаскин , во Соборниот храмот на свети Климент Охридски , во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Од книгата Изреки (Изреки 29,2; ..)
Кога праведниците се умножуваат, народот се весели. Споменот за нив е бесмртен, тој се признава и од Бога и од луѓето, зашто нивната душа му угодува на Господ. Затоа копнејте по мудроста и засакајте ја и поучувајте се од неа. Нејзиниот почеток е да ги сашаш нејзините закони, затоа почитувајте ја мудроста, за да царувате до века. Ќе ви кажам; нема од вас да ги сокријам тајните, зашто Тој (Бог) е водач на мудростаи управувач со мудреците, во Него е сето наше разбирање и вештината во работата.
Посети: {moshits}