Скопје, 18. 11. 2008 г.
Вечерва, 18-ти ноември 2008., во 20 часот, во галеријата на Културно Информативниот Центар ќе биде промовирана најновата книга поезија на Митрополит Методиј Златанов под наслов: "{x} - невидливо бело". И ова поетско претставување на отец Методиј е плод на долгогодишната соработка со издавачката куќа „ТРИ“.
Станува збор за поема од 1500 стихови која во смисловно-структуралниот контекст образува "Мебиусова лента" на тој начин откривајќи ја бесконечната преобразба како доминантна метафора на поетскиот дискурс.
Со оваа најнова поетска книга отец Методиј во стихови го преточува заумниот допир на лириката со топологијата, која како дел од математиката претставува теорија и логика на просторот во постојано движење и преобразба.
Поемата "{x} - невидливо бело", ќе ја промовира и за неа ќе зборува Искра Гешоска, а избор стихови ќе интерпретира реномираниот театарски уметник Лилјана Велјанова.