Манастир на св. Никола, с. Љубанци- 16. 11. 2008 г.
Во манастирот на св. Никола, с. Љубанци (скопско), на 16 ноември 2008 година, во организација на Унијата на млади сили на општински комитет - Бутел, се одржа средба на младите, која преминува во традиција. Гости ма средбата, беа од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Млади сили Сашо Стефановски и претседателот на Градскиот комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов.
Претседателот на Градскиот комитет на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов:
„Традиција на свечен ручек, е активност којашто претставува дружба меѓу младите членови, меѓутоа и ширење и зацврстување на христијанските вредности, христијанството, верата, религијата и Црквата.Манастирот на св. Никола во Љубанци има посебно значење за Унијата на млади сили бидејќи овде се направени зачетоците и почетоците на формирањето на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.“
Претседателот на Млади сили Сашо Стефановски: „ Јас напрво сакам да кажам, дека верата и вербата во Бога, завзема централно место во нашите животи и нашето функционирање како млади луѓе...“
Аудио материјал:
{mp3}UMSnaVMROvoSvNikolaLjubanci{/mp3}
На сите гости на манастирот, сестра Евпраксија им подари по една мала икона со ликот на Господ Исус Христос и Пресвета Богородица.
Посети: {moshits}