Презентација на Република Македонија во црквата Свети Маркус во Хамбург,
Р. Германија на 11.11.2008 година под наслов Ловелѕ Мацедониа, Прекрасната Македонија
На 11 Ноември 2008 г. во Хамбург Р. Германија на покана на парохијата на евангелистичката црква Свети Маркус и пастор Волвганг Најн со која македонската црковна општина Свети Ѓорги Кратовски во овој град долги години соработува, се одржа презентација на Република Македонија под наслов Ловелѕ Мацедониа. Презентацијата ја подготвија Весна Крстевска Трајкова, наставник по македонски јазик и национална култура поставена од Министерството за образование и наука на РМ и отец Дејан Трајков, свештеник на МПЦ - Европска епархија. Присутните на презентацијата имаа можност да се запознаат со историјата на Македонската Православна Црква, македонските манастири, културното богатство и природните убавини на Македонија преку текст и фотографии од позначајните места, споменици и личности во Македонија како и да уживаат во звуците на македонското црковно пеење, изворната македонска музика и поп звуците на современата македонска музика.
Известува : отец Дејан
Посети:{moshits}