Денес кога светата црква ги прославува Св.мч.Харитина и Св.свмч. Дионисиј Александриски,18.10.2008 година, се навршува петгодини од поставувањето на каментемелникот за градење на нова Македонска Православна Црква во Малме – Шведска, триесет и пет години од формирањето на МПЦО „Св.Наум Охридски“ –Малме и педест години од возообновувањето на славната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник во МПЦО„Св.Наум Охридски“ – Малме Прота-Ставрофор Блажо Кожарски отслужи света Aрхиерејска Литургија во Соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски Малме-Шведска.
На крајот од Света Литургија се отслужи помен –парстас за сите верници, свештеници кои активно учествувале во организирањето и делувањето на ЦО, а денес се наоѓаат во Небесната Црква Христова.
Во црковните простории се прикажа филомот педест години возобновена Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ.
Известува: Прота-Ставрофор Блажо Кожарски
Посети: {moshits}