Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка пристигна во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопска Црна Гора
На 5.4.2025 година – кога Православната Црква се наоѓа во предворјето на 5. Недела од Великиот пост, посветена на преподобната Марија Египетска – во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – с. Побожје, Скопска Црна Гора, од светогорскиот манастир Дохијар, беше донесен препис од иконата на Пресвета Богородица – Скоропослушничка.
На овој свечен и торжествен чин – којшто беше проследен со Вечерна богослужба, со пречек и поклонение на иконата, како и со Акатист кон Богомајката – присуствуваше и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан; бројно свештенство и свештеномонаштво од Скопската православна епархија, како и мноштво верен народ.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/ikona-presveta-bogorodica-skoroposlusnica-pobozje-2025-2/
pp