логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER788

† Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски

НАДГРОБНО СЛОВО
на Погребението на невинонастраданите Божји чеда во Кочани

Нажалени родители, браќа и сестри, синови и ќерки, сопрузи и сопруги, дедовци и баби, роднини и блиски, соученици и колеги, студенти и соработници, наставници и професори, соседи, сограѓани и пријатели на покојните,

Возљубен народе во Господа,

Наоѓајќи се на овој тажен собир, се прашувам: Зарем малку солзи пролеавме како народ, зарем малку црнила износивме и зарем малку гробови ископавме од најразлични причини, па ни требаше да ја доживееме и оваа сенародна трагедија? Одамна ваква несреќа, одамна ваква и толку бројна младост не беше нѐ собрала како народ и не нѐ повикала за последно збогум, како ова што го доживуваме овие денови и денес во Кочани и во неколку други места во Македонија. Кој можеше да претпостави дека по заслужените денови за одмор, во понеделникот ќе останат празни толку училишни и студентски клупи, дека толкумина нема да се јават на своите работни места и дека тоа им беше последната забава и песна?!

Кој можеше да претпостави дека на тие млади, таа саботна вечер ќе им биде последна и дека веќе не ќе дочекаат ниедно утро и дека на некои од таа ноќ ќе им останат лузни и по телата и во душите за цел живот? Ете, само за миг згаснаа толку млади животи и направија да тагуваат толку семејства, да тагува Македонија. И по ова што ни се случи во Кочани, ако во нешто можеме да се поучиме, тоа е, да работиме ваквите трагедии да не ни се повторуваат. Тоа значи, да ги промениме нашите навики на несовесно и нестручно работење и однесување, и кон себе си и кон другите! И, секако – желбата по заработувачка и богатење, да не нѐ водат нечесни и криминални намери и цели, не имајќи грижа за безбедноста, па дури ни за животите на другите.

Возљубен натажен народе, свесен сум дека при вакви тажни прилики, при разделба со саканите: родител, син или ќерка, брат или сестра, внук или внука, соученик и колега, сосед или пријател и особено при разделба со млади, какви што се покојните пред нас, тешко е да се говори, а уште потешко е да се најдат зборови за утеха.

Во овие мигови на неизмерна болка и жал, присутни во Кочани и во сите места, до кои пристигна веста за трагедијата од она рано неделно утро, нема збор којшто ќе биде доволен за да се ублажат чувствата кај сите коишто тагуваат по изгубените животи на овие млади македонски чеда. А како и не би тагувале? Нема човечко слово коешто може да се каже и кое ќе утеши, но за нас коишто веруваме, утехата ни е Словото Божјо и Неговото спасително дело. Утехата ни е во вистинитоста на Христовото Воскресение и во воскресението на секој кој верувал и живеел живот во Христа. За нас, како христијани, тоа е и разбирливо и сфатливо, зашто Христос воскресна и ја победи смртта!

Возљубен нажален народе, правилно е и оправдано е да тагуваме за ненадоместливата загуба којашто нѐ снајде, но тагувајќи да не бидеме како оние коишто немаат надеж. Светата Црква учи и поучува дека само верата го осветлува мракот на смртта и укажува на патот којшто води кон вечен живот. Оттаму, за нас христијаните, верата е прва и единствена утеха за тагата во ваквите тешки мигови при разделба со своите најблиски. Па, да се молиме за Бог да ни дарува сили за да ја поднесеме трагедијата којашто нѐ снајде. Утеха нека ни биде и тоа што страшната несреќа во Кочани предизвика сенародно жалење кај сиот наш народ, и овде во Татковината и ширум светот. Утеха нека ни бидат и молитвите од претстојатели и претставници на Цркви и на верски заедници, сочувствата од претседатели на држави и поединци од сите страни на светот, како и тоа што денови на жалост прогласија повеќе балкански и европски земји, коишто нашата несреќа ја доживуваат и како своја.

Исто така, тажните собири, речиси во сите градови низ Македонија, се порака дека нашиот народ, и ученици и студенти, и млади и возрасни, сочувствуваат со семејствата на починатите и повредените. Македонија и овој пат плаче за своите чеда и сиот наш народ ја споделува тагата со најблиските на настраданите, зашто загубата на овие млади животи е загуба за сите!

Да се помолиме и да се молиме Бог да ги прости и нивните души да ги насели меѓу праведниците, а вам, нивните родители и блиски, да ви дарува утеха, смирение и оправдана надеж! Амин!

Нека им е вечен споменот!



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

12/06/2026 - петок

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная