Промоција на тритомното издание „Плодови на Духот“ од о. Ацо Гиревски
На 13.3.2025 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан учествуваше на промоцијата на тритомното дело „Плодови на духот“ од протопрезвитер-ставрофор д-р Ацо Гиревски, поранешен декан и долгогодишен професор на ПБФ „Св. Климент Охридски“. На промоцијата, која се одржа во НУ „Музеј на македонската борба за самостојност“, промотивно слово одржа и академик Катица Ќулавкова, а поздравен говор имаше и директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/plodovi-na-duhot-2025/