Возљубени,
Би сакале да споделиме со Вас една голема духовна радост во овој прекрасен период на Божикниот пост. Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес излегоа од печат третиот и четвртиот том од „Делата на свети Јован Златоуст“ кои со векови наназад се неодминлива духовна храна за секој искрен и посветен православен верник, насекаде во светот.
Свети Јован Златоуст е „златната уста“, односно „духовната труба“ на Православието, воопшто. Тој е еден од најголемите, најпочитуваните, најчитаните, најцитираните и најзначајните Свети Отци и Учители на Црквата Христова, и затоа сме радосни бидејќи за првпат на македонски јазик се издава едно вакво значајно капитално дело, потпишано од овој голем Светител и сенароден Учител. Останатите четири тома, од вкупно осумте, кои како цела едиција во најблиска иднина ќе бидат испечатени и издадени, се во фаза на подготовка. Овие два тома ги преведоа свештеник Јани Мулев и Анета Ѓеорѓиевска-Наковска.
Целата едиција од осумте тома од „Делата на Свети Јован Златоуст“ се свечено издание на Повардарската епархија по повод официјалното признавање на автокефалноста на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија.
Преговор на едицијата „Дела на свети Јован Златоуст“
Цената на книгите е 800 денари по том, а нарачката, како и досега можете ја направите на тел. 043 221 231, или пак да ни пишете на нашата е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Нарачките исто така можете да ги извршите и на Фејсбук профилот на Повардарската епархија.