„ Крстот е чувар на сета вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните.“
+ Во Слава на Господа Исуса Христа кој го понесе Крстот свој, славевме и ние во Виена.
Нека е за Многу години празников.
Крстот денес се издигнува, и светот се осветува, бидејќи Оној што седи заедно со Отецот, и со Светиот Дух, на него рацете ги рашири и целиот свет, Христе, го привлече кон твоето познание. Оние, пак, што се надеваат на Тебе, удостој ги со Твојата слава божествена.
Известува : Анета Левковска
Посети:{moshits}