На празникот на светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот, светата маченичка Кетевана и преподобен Еротеј, во храмот посветен на св. Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот 26/09/2008
Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (Дела 10, 1). Беше прв од незнабожците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сѐ и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епсикоп и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина нензабожци. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се престави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.