логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 


Небесната радост што ни ја дарува Бог е навистина неописливо чувство и душата исполнета со неа ликува и благодарно Го слави Бога, зашто ја удостоил уште овде на земјава да го претвкуси рајот. Таква радост се читаше на лицата на сите присутни кои во голем број притекнаа во Бигорскиот манастир, торжествено да го прослават празникот на славниот Претеча - старозаветниот пророк, кој со својот рамноангелен живот е совршен пример за сите кои во ова светилиште се сораспнале со Христа и го следат Неговиот Крстител по тесниот пат на спасението. А како да не се радуваат кога, по молитвите на свети Јован, уште еден брат се удостои да прими ангелски образ и како духовен апостол, облекувајќи се во облеката на покајанието, се приброи кон Христовата војска.

И додека о. Порфириј смирено полагаше завет пред Небесниот Жених, на голема радост на своите родители Томе и Нада, и особено на радост на својот Старец, архимандрит Патрениј, кој овие две години со татковска љубов го поучуваше и духовно го раснеше своето чедо, се радуваа и ангелите на небесата, славејки го раѓањето на уште еден усрден молитвеник за светот, еден нов светилник, зашто „Ангелите се светлина за монасите, а монасите се светлина за светот.”

Обраќајќи се во својата беседа до новиот монах, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки, г. Тимотеј, кој заедно со Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, го изврши потстригот,  го потсети о. Порфириј дека монашкиот живот е голем подвиг, но подвиг кој се остварува во монашката заедница со поткрепа на браќата а особено на игуменот, на кого му е доверено да ги раководи душите во овој суетен и преполн со гревови свет. „Затоа, новопотстрижен брату, Порфириј,“ - продолжи тој, „препушти ја својата волја на волјата на твојот игумен и братството и живеј во слога, љубов, почитување на секоја христијанска душа, а пред сè на братјата и поклониците и посетителите на оваа света обител. А, Вие, оче игумене и браќа на оваа светиња, како и досега, сега уште повеќе крепете го, поучувајте го, бодрете го за да може подостоинствено и посветено да го исполнува монашкиот завет, а за спасение на неговата душа и за просперитет на светиклиментовата Македонска Православна Црква”.

 

 

 

 

 

 

 

 

Известуваат: сестрите од манастирот во Рајчица

Посети:{moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

« »

Православен календар

 

12/10/2025 - недела


Преподобен Киријак Отшелник; Светите маченици Дада и Говделај; Свети Теофан Милостив; Света Марија Палестинска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов отшелинк Киријак  12 октомври/29 септември 2025

Тропар на светиот Христов отшелинк Киријак 12 октомври/29 септември 2025

Имајќи Го секогаш Христа во милсите,умот се озари, срцето се очисти,душата се излечи о, свети оче Киријаче,Спасителот години ти умножи,

Тропар на светиот Христов исповедник Харитон  11 октомври/28 септември 2025

Тропар на светиот Христов исповедник Харитон 11 октомври/28 септември 2025

Пустината во срцата на твоите ученици процвета,о, свети мачениче Харитоне,исповедниче на живата вера во Христа Бога,

Тропар на светиот Христов маченик Калистрат 10 октомври/27 септември  2025

Тропар на светиот Христов маченик Калистрат 10 октомври/27 септември 2025

Мил на Господа, молитвите твоинепрестано се примаа на Небеса,а благодатта ти подарена исцеление давашена верните од самата сенка на телото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная