логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ни Јас не ви кажувам...“ (08.09.2008)


Во издание на „Библиотека Воведение“ при Манастирот Воведение на Пресвета Богородица Елеуса, излегоа од печат првите примероци од книгата „Ни Јас не ви кажувам...“ на Струмичкиот Митрополит Наум.

 

Вовед

 

            Секој што вистински копнее за заедница со Богочовекот Христос, уште во првиот допир со Неговиот Нов Завет ја почувствувал потребата од сфаќање на подлабокото значење на Божјиот збор. Светите Отци низ вековите се труделе да одговорат на ваквата потреба на Црквата, толкувајќи го и проповедајќи го Христовото слово, пред сè со својот живот, а потоа и со своите пишани дела. Денес Црквата е богата со овој вид светоотечка литература, што директно што индиректно, запишана и сочувана. Но, и покрај сè, проблемот за задоволување на потребата од точното значење на Христовите заповеди, првенствено на личен а потоа и на црковен план, останува и ќе остане актуелен до крај, до исполнувањето на сите пророштва.

            Според светите Отци, Самиот Христос, следователно и Неговото слово, Го познаваме само преку исполнувањето на Неговите заповеди, а не само преку читањето и на тој начин стекнатото знаење; само преку пракса, а не само преку теорија. Во суштина, исполнувањето на Божјите заповеди е учество во несоздадената Божествена благодат и стапување во заедница со Бог. Затоа, ако не ги исполниме заповедите, како ќе го познаеме Оној што заповедал? Ако откако нè удрат по едниот образ не го завртиме и другиот, како ќе го дознаеме значењето на исполнувањето на заповедта за градење на совршена заедница со Него? Теоријата е полезна единствено доколку ја ставиме во служба на праксата, доколку ни стане показател, насока и проверка во подвигот. Во тој случај, во процесот на нашиот духовен развој, можно е полесно и побрзо да стигнеме до посакуваната цел, а тоа е богопознанието.

            Согласно наследеното од светите Отци, постојат три степени или нивоа на личен духовен развој: чистење на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение. Исполнувањето на Господовите заповеди е основен предуслов за духовно растење и созревање на секој од степените на духовниот развој. Исполнувањето на Господовите заповеди е и основен предуслов за сфаќање и толкување на Светото Писмо. Тоа значи дека колку повеќе духовно напредуваме и растеме на секој од степените, толку повеќе ќе ни се откриваат и тајните на Светото Писмо, на Стариот и Новиот Завет Божји. Без континуиран подвиг во исполнувањето на Христовите заповеди, не е возможна заедница со Него и богопознание. Познанието на Христос извира од животот во Христос, во Црквата, и се случува во внатрешноста на очистеното, од страстите, срце.

            И да не си помисли некој дека во овој процес на духовно растење нема паѓање и станување и дека нема загубени битки. И да не си помисли некој дека овој пат може да го помине без страв и без храброст и без солзи на покајание. И да не си помисли некој дека е возможно искрено и силно да го побара Бог ако претходно не ја запознае својата слабост. Осцилациите се нормална појава кај наследниците од последиците на Адамовиот пад, кај паднатата природа. Но, демонско дело е да се суди и да се осудува нашиот ближен според неговиот пад, а подвижнички е да се вреднува според неговото покајание. Просветлените го вреднуваат ближниот и според надежта за неговото покајание. Совршените – според Божествената љубов. Добро е единствено самите себе да се оценуваме според нашите падови. А најдобро е да се запознаеме самите себе поминувајќи ги степените на духовниот развој до самото обожение, и да познаеме дека сме, ни од што претходно постоечко, во битие приведени.  

            Како што рековме, светите Отци ги определиле степените на духовниот развој, но тие го определиле и нивното точно разграничување. Светите Отци многу конкретно го опишуваат духовниот подвиг како и духовните појави на секој од степените поединечно. Ако внимателно се читаат и споредат нивните дела, може да се забележи дури и како јасно се наѕира и се вообличува една систематизација на духовниот живот според степените на развој и според духовните појави на секој од степените. Оваа систематизација не е кај никој од нив до крај опфатена и разработена и е предмет на посебен богословски труд, но затоа таа е уште еден сведок на чудесната хармонија на духовниот живот воопшто. Оваа систематизација, иако не во потполност дефинирана, може да се забележи и во собраните беседи на оваа книга, затоа што таа претставува теоретска основа и на толкуваните евангелски четива и на нивната тематска распределба. 

            Цел на ваквото толкување, кое во овој случај ја доживува и својата промоција, меѓу другото е и осветлување и разјаснување на редот и хармонијата на духовниот развој во духовниот православен живот. Сите ќе се согласиме дека без познавањето на овој ред и поредок и хармонија на православниот духовен живот оставаме голем и нејасен простор за лажен духовен живот и за лажно претставување, и пред самите себеси и пред другите. На пример, често се случува едни да се претставуваат како „непрелестни духовни раководители“, а други како „верни духовни чеда“, а нивните дела и зборови да не се во согласност со она што тие самите за себе го сведочат. Таквите луѓе немаат внатрешно духовно покритие за своето место во Црквата и ним им одговара амбиент во кој можат тоа да го сокријат. Затоа светите Отци велат дека незнаењето е најголемо зло.

            На секој човек, согласно неговиот степен од духовниот развој, потребна му е соодветна проповед, соодветна храна за неговиот ум и за неговото срце. Ако при толкувањето на евангелското четиво се изгуби од предвид пастирската димензија, односно духовната и интелектуалната потреба на конкретните слушатели, тогаш се случува празна проповед. Беседите што претстои да ги читате првенствено се изговорени пред монаси и наменети се за монаси. Исто така, тие се наменети и за свештенството. Повеќето од нив се изговорени на светата Литургија, после прочитаното евангелие на денот, во манастирските и во градските храмови на Струмичката православна епархија, пред претходно релативно подготвен, за слушање и прием на словото, верен народ. Но, и покрај оваа напомена, веруваме дека ако и евентуално неподготвениот читател подвижнички пристапи кон проучување на книгата, многу од кажаното во неа ќе го пронајде своето место во неговиот ум и во неговото срце.

            И на крај да запомниме: добро е, кога сме во прелест – а нема кој не е во прелест – барем да знаеме и да го освестиме фактот дека сме во прелест, затоа што сигурно малку посмирено ќе живееме и ќе се однесуваме. Токму ние, со нашето надмено и самољубиво однесување ги оддалечуваме луѓето од верата и од Црквата Христова. Луѓето од Бог ги оддалечуваат нивните предрасуди за Црквата – кои сепак ние ги создаваме, а не самата Црква – за која во суштина и ништо не знаат. Затоа, уште подобро е во постојан подвиг да ги исполнуваме светите Христови заповеди и преку тоа лично да Го познаеме и да Го сведочиме Бог. Да не бидеме како првосвештениците, фарисеите и книжниците од Христовото време кои без подвиг, без градење на личен однос со Бог сакаа да ја познаат Вистината: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено?“ (Јован 10, 24), или: „Со каква власт го правиш тоа и кој ти ја дал таа власт?“ (Марко 11, 27); и да не се случи да го чуеме страшниот за нас одговор: „Ни јас не ви кажувам!“ (Марко 11, 33). Во таа смисла сфатете го и насловот на оваа книга, како повик кон личен аскетско-исихастички и гносеолошки подвиг, во Црквата.

Пресвета Богородице, спаси нè!


 

од книгата „Ни Јас не ви кажувам...“

Убиец на покајанието

 Постои едно додатно совпаѓање меѓу минатото и денешното евангелско четиво, за коешто морам да кажам два-три збора. Во минатото се говореше за тоа како Царот испратил Свои слуги да ги поканат луѓето на свадба и како меѓу другото некои од слугите биле убиени од поканетите. Еден од тие слуги – пророци е и свети Јован Крстител, кој ги канеше и повикуваше луѓето на покајание: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!“ (Матеј 3, 2). Свети Јован Крстител е олицетворение на покајанието. Не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не ја доживеал совршено.

            Во ова евангелие ни се открива како страста славољубие ја убива добродетелта покајание во човекот. Уште ни се открива како всушност славољубието е најголемата и најсилната страст на човекот. Исто така, во Ирод четворовласникот ги препознаваме трите главни страсти: ‘сластољубие’, ‘среброљубие’, ‘славољубие’. Но, како што свети Јован Лествичник пишува дека понекогаш страстите се противни една на друга, или една страст во даден момент ја потиснува другата, така и кај цар Ирод препознаваме дека овие три страсти во исто време немаат ист интензитет и сила.

            Имено, во моментот кога ќерката на Иродијада игра и со својот танц го задоволува неговото сластољубие, тој е спремен да даде и половина од царството што му припаѓа. Значи, сластољубието во тој момент го потиснало среброљубието. Освен тоа, гледаме дека токму заради своето сластољубие Ирод го држи во затвор свети Јован, затоа што овој го прекорувал дека не смее да ја зема жената на брат му. Но, и покрај сè, ниту сластољубието ниту среброљубието го натерале да го убие свети Јован, туку само да го држи затворен, а и понатаму да го почитува на некој свој начин и да сака да го слуша.

            Но, кога веќе цар Ирод ѝ вети на девојката и ѝ го даде својот збор дека ќе ѝ даде сè што ќе посака, дури и половина од своето царство, таа поучена од мајка си ја бара главата на свети Јован Крстител. Иако се сневесели поради тоа, сепак неговото славољубие не му дозволува да го повлече зборот што го дал пред гостите. Очигледно, од сè најмногу Ирод држи до својот збор, до своето јас, до својата гордост и високо мислење за самиот себе.

            Значи, неговото славољубие го убива свети Јован Крстител, односно го убива и покајанието во самиот него.

            Слично на тоа, и ние со нашето славољубие го убиваме покајанието, кое ни е дадено како најголем дар во Христос Богочовекот. Со останатите страсти – среброљубие и сластољубие – исто така му штетиме на покајанието, но на тој начин што го држиме затворено и загушено некаде во нас.

            И да заклучиме, најсилна страст која го убива покајанието во нас е славољубието. Ние, пак, наместо да ја искоренуваме таа страст и да ја уништуваме, ја негуваме. А, како ја негуваме? Па, сакаме секаде да сме први, да слушаме убави зборови за нас, да нè фалат и да нè слават... Луѓето што нè навредуваат и повредуваат, кои Бог ни ги „праќа“ за да ни помогне да видиме што имаме во своето срце, за да знаеме и од која страст да го чистиме – луѓе кои се всушност дар Божји за нас – ги мразиме и им враќаме зло за зло. Со тоа го отфрламе дарот Божји и Божјата промисла за наше очистување и спасение. Па Бог се чуди што да ни прави!? Ако не ни прати човек, ќе си останеме заробени од страста дури и не знаејќи какво ѓубре носиме во нас. Ако ни прати човек, ние наместо да се смириме, да видиме што носиме во своето срце и да се покаеме, го отфрламе дарот Божји и уште повеќе се оддалечуваме од Бог. Таквото наше однесување значи само хранење и развивање на страста славољубие, во нејзините демонски димензии.

 

Митрополит Струмички г. Наум

од книгата „Ни Јас не ви кажувам...“

 

Посети:{moshits}

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

19/01/2025 - недела

Бoгoјавлeниe – ВОДИЦИ
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная