логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 
Прашањето за заштитата на животната средина е суштинско прашање.“


Прашањето за заштитата на животната средина е суштинско прашање и затоа кон него треба да се однесуваме со должна почит. Не смееме да дозволиме глобализацијата да го уништи човекот, тој треба да владее со сите системи. Градот е наш, заеднички, и затоа сите ние треба да се залагаме за негово оплеменување и да им дадеме пример на идните генерации како треба да се однесуваат кон животната средина. Мораме заеднички да создадеме систем во кој и понатаму ќе владеат природните закони, а со тоа да го спречиме деструктивното влијание на дебалансираната животна средина врз здравјето на човекот“ – истака  Трифун Костовски


 Тој додаде дека Град Скопје ќе стори се што е во негова моќ да ја унапреди животната средина и да го заштити здравјето на луѓето. Во таа насока веќе се преземени активности за замена на азбестните водоводни цевки и за евиденција на азбестно-цементните покривни плочи.




Напорот и залагањето  на  Градоначалникот на град Скопје господинот Трифун  Костовски, за заштита на животната средина и здравјето на луѓето во  секој случај е убав потег и е за пофалба. Во просторите на Град Скопје на 26.06. 2007 година, а по повод распишаниот кокурс беа доделени повеќе награди за најактивните и најтрудољубивите, во приватниот, јавниот, руралниот, градскиот сектор. Особено радува ентузијазмот и желбата за понатамошни успеси на наградените. Добар дел од нив  на самото врачување на наградите, презентираа нови, уште поубави проекти за разубавување на средината во која живеат и работат. Овој настан,  би требало да постане мотив и поттик за сите граѓани во заштитата  на сопствената средина.

(повеќе)

Кога се работи за екологијата, неопходно е да се познава и православното учење по ова прашање. За таа цел го приложуваме обраќањето на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј:
 


Во неговото историско обраќање во 1989 г., блаженоупокоениот Вселенски Патријарх Димитриј I, ги повика христијаните да го слават 1. септември како ден за молитва за заштита на околината и ја нагласи потребата за сите нас да покажеме „евхаристиски и аскетски дух“.
Да обратиме внимание на овие два збора, „евхаристиски“ и „аскетски“.

Повикувајќи кон „евхаристиски дух“, Патријархот Димитриј не потсети дека создадениот свет не е само наша сопственост туку е пред се, дар – дар од Бога Создателот, дар на исцелување, дар на чудо и убавина – и дека нашиот правилен одзив, при примањето на таков дар, е да го прифатиме со благодарност.

Но што подразбира Патријархот Димитриј со вториот збор, „аскетски“? Кога зборуваме за подвижништво, мислиме на нешта како што се пост и бденија. Тие навистина се дел од она што тој збор го подразбира; но askesis значи многу повеќе од тоа. Значи дека, во однос на околината, треба да го покажеме она што во Добротољубие и други духовни текстови на Православната Црква го нарекуваат enkrateia, „само-воздржување“.

(повеќе)



подготви: М.З./Б.Ѓ./К.Т


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »

Православен календар

 

06/01/2025 - понеделник

Божикен пост  (строг пост)

(БАДНИК) Преп. маченичка Евгенија и другите со неа; Преп.н Никола војвода;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 24 декември / 6 јануари 2025

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 24 декември / 6 јануари 2025

Евгенија, света Евгенија – небото повикува, вселената се радува.Природата светителке е во твоите раце – од благодат врз благодат огнот...

Тропар на свети Наум  Охридски чудотворец 23 декември / 5 јануари 2025

Тропар на свети Наум Охридски чудотворец 23 декември / 5 јануари 2025

Прилепувајќи се кон Христа, си го оставил светот;плотта распнувајќи ја живееше по Духот, преблажен Науме.              Трудејќи се да се подвизуваш...

Тропар на светата Христова великомаченичка Анастасија Римјанка 22 декември / 4 јануари 2025

Тропар на светата Христова великомаченичка Анастасија Римјанка 22 декември / 4 јануари 2025

Господ Твојот Бог, о света Анастасио,тебе те пронајде како чист сад,преку кого ќе се разрешуваат луѓето од тегобите на гревот,раните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная