На 19. 08. 2008 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светото Преобразение на Господ Исус Христос на планината Тавор, каде на своите ученици-апостоли Петар, Јован и Јаков им ја прикажа Својата Божествена природа, сила и мок, во Храмот Свето Преобразение во Прилеп, се отслужи Божествена Литургија во сослужение на свештеници од Прилепското Архиерејско Намесништво. На Светата Литургија , после осветувањјето на грозјето, верниот народ во Христа ја прими Светата Тајна Причест.
На Вечерната, наспроти празникот во истоимениот Храм чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот преспанско-пелагониски Господин Петар во сослузение на свештениците од Прилепската епархија.
Известува: Александар Бошкоски
Посети:{moshits}