Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на 21. 06. 2007.г, донесе одлука највисокото црковно признание да му го додели на Митрополит Полошко- кумановски г. Кирил.
Полошко-кумановскиот Митрополит, г.Кирил е единствениот Архиереј на возобновената Македонска православна црква, што оваа година ќе го добие највисокото црковно признание, орденот на Св.Климент Охридски од прв ред.
На денешната синодска седница, македонските владици го составувале и списокот на годинешните добитници на највисокото црковно одличје Свети Климентовиот орден, кое по повод 40 години автокефалност на МПЦ ќе го добијат десетина јавни личности, академици и бизнисмени.
Орденот Свети Климент Охридски ќе му биде врачен на најстариот владика во синодот, Полошко-кумановскиот митрополит Кирил.
Овој орден за прв пат беше воведен пред пет години при осветувањето на црквата на Плаошник во Охрид.