„Пaтеката по која чекоревме беше тешка, спилите стрмни, но успеавме. По 55 години стигнавме до целта, до православната вистина и правдина. Тој пат го трасираше нашиот, сега покоен, сожител Ненко, којшто имаше храброст да се соочи со неправдата и да успее, а патот до остварувањето на вистината им го остави на поколенијата.
Господ сакаше тој сега да не гледа горе од небото, но сигурно се радувл бидејќи сега тука се Бранко, Даре, Зоки, Вале, Мито, Ѓорѓи, Иван, Русе, Раде и нивните следбеници и поколенија кои ќе продолжат да се борат и да ја негуваат неговата порака“.
ЧЕСТВУВAЊЕ ПО ПОВОD ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПAСОВДЕН
На годинешново одбележување на верскиот празник Вознесение Христово - Спасовден, дозволете со огромно задоволство да соопштиме дека тоа се совпаѓа со остварувлњето на полувековниот сон на правосллвните верници на манастирот Свети Спас од Горна и Долна Матка и епархијата на Македонската православна црква.
Имено, во новиот милениум а по 55 години, млкедонските верници ги повратија во свои раце и во свое владеење земјата и манастирите.
Затоа, годинашново традиционално чествување по повод одбележувањето на големиот празник Вознесение Христово - Спасовден, добива посебно значење и претставува настан и чест не само за православните верници од регионот именуван како "Mакeдонска Света Гора", туку и пошироко за сите припадници на епархијата и за сите верници на Македонската Правосллвна Црква.
Во тоа име, Црковниот одбор им изразува искрена благодарност и почит на сите кои во изминaтите децении дадоа несебичен придонес во настојувлњата земјата и манастирите да им се вратат на правосллвните верници и на МПЦ.
Од Црковниот одбор за спас на Свети Спас од Горна и Долна Матка:
Бранко Димитриевски,
проф. д-р Митко Златановски, дипл.ел. инж,
Ѓорѓи Бањишки, дипл.инж. арх,
Иван Камењарски,дипл.инж. арх,
Русе Илиевски,
Зоран и Вале Заковски,
Дарко Анастасов, адвокат,
Иван Рангелов, дипл.ел. инж,
Радосав Обрадовиќ, ецц.
Друго:
Елаборат за заштита на КАЊОНОТ МАТКА
Посети:{moshits}