Од 21-07-08г. до 03-08-08г. во Виена – Република Австрија, се одржа семинар и фестивал на млади пијанисти од целиот свет. “Viena Young Pianists“ е престижен пијано фестивал на кој секоја година земаат учество само 25 млади таленти од целиот свет од 11-19-ет години.
Оваа година Република Македонија беше успешно претставена од младата 12-годишна пијанистка Јана Златанова од Скопје. Таа, оваа година заврши трета година во нижото музичко училиште Илија Николовски-Луј во Скопје, во класата на професор Билјана Петрова-Таковска. Придружувана од својата професорка и под менторство на мнозина австриски, германски и јапонски пијано педагози, како што се Susanna Spaemann, Florian Krumpock и Masahi Katayama, на завршниот концерт во концертната сала Ehrbar Hall, која е позната по тоа што во неа настапувале Јоханес Брамс и Густав Малер, Јана се претстави со дело од францускиот композитор Клод Дебиси.
Учеството на оваа млада пијанистка од Македонија на фестивалот “Viena Young Pianists 2008“ беше овозможено и спонзорирано од Министерството за култура нa Република Македонија и Македонската Православна Црква.
http://www.youtube.com/watch?v=HXbxER8nA0w
Посети:{moshits}