Храм на св. пророк Илија- Скопје
На ден, 02. август 2008 година, на празник на светиот пророк Илија, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија во истоимениот храм во Скопје. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Во празничната посланица од САС на МПЦ, се изнесе почитта која Црквата Христова ја има кон пророкот- „ангел во тело, претеча на второто Христово доаѓање“.Она што радува, е тоа што светиот пророк Илија, на денот на Преображението Господово се јавил во светлина на Гората Тавор, давајќи јавен доказ за животот по смртта.„А, пак, за македонскиот народ, празнувањето на денот на светиот пророк Илија, со настаните од 1903 и 1944 година, има исклучително место во историјата на македонскиот народ“. ...
„Илинден е ден на нашата Црква, на нашиот народ, на нашата историја. и по 105 години од славното востание се уште трае нашата борба за правдина и вистина.На оваа наша генерација и се падна не помала одговорност од онаа што ја имаа нашите дедовци. Ако тие се бореа да го истераат тиранинот од родната прадедовска земја, денес наша обврска е да ги запазиме нивните идели собрани во едно, а тоа беше- Македонија на Македонците. Наша света задача е да ја одбраниме вистината дека Македонија е македонска и само македонска. Никој нема право да ни го менува името, да ни го спори идентитетот и да негира се што е македонско. Скапо е платено тоа име и нема цена за која може некој да отстапи од него! Нашите комити и војводи, партизани и бранители, не ќалеа ништо, па ни себеси, за да живее Татковината, за да биде слободна Македонија“.
Илинден за македонскиот народ, сепак пред се е најважен, „како ден на угледување на огненоста, бескомпромисноста и истрајноста на светиот пророк Илија- но и на сите македонски, а и оштохристијански светители- во сведочењето на вистината.Тој ден во македонската свест стана потврда на верата дека вистината е божествена категорија, независна од сите напливи инавети на земните води и ветришта, како и исповед на увереноста дека вистината за македонскиот иднтитет и за историскиот пат- славен, но и страдален- за македонскиот народ е дел од таа непоткуплива божествена категорија“.
По Светата Литургија, Архиепископот Г.Г. Стефан, во присуство на Премиерот на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски, со дел од министрите во Владата на Р.Македонија и во пред многубројниот народ, ослужи Панихида за сите паднати борци за духовниот и народниот идентитет.
Посети: {moshits}
Иконопис: Кирил Златанов, зограф
Фрескопис: Кирил Златанов, Лазар Лечиќ
Друго: