Храм на св. Петка- н. Црниче, Скопје
На 25. 07. 2008 година на денот на светите маченици Прокл и Илариј, преподобен Михаил Малеин и света Вероника , во храмот посветен на св. Петка во Скопје, се отслужи Света Литургија. Во пригодното слово, отец Томе посочи дека денес славиме повеќе светители, но на верниците посебно им го објасни и животот и делото на света Вероника:
Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и ѝ направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ѝ остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.
„Наведната глава сабја не ја коси“- но исто така ни сонце нема да види-
Во продолжение на својата беседа, Отец Томе на верниците им обрна внимание на воведување на предметот веронауката во образовниот систем, и дека сме сведоци на отпорот кој се прави поради тоа. Деновиве, исто така, се организираат разни трибини и се со цел да се спречи изградбата на црква во центарот на Скопје.
Понатаму, тој укажа, дека сепак најголемото богатство е човекот, и во овој земен живот да изнајдеме сили и љубов, и да си простуваме еден на друг, зашто се можеме да вратиме, и здравјето можеме да го вратиме, но човекот ако го изгубиме, ништо повеќе не можеме да сториме. На крајот од беседат на верниците им посака телесно здравје и духовно спасение.
Посети:{moshits}