Ajaкс, Канада - На 20 јули, во Ејџекс, по повод патрониот празник на МПЦ "Св. Недела" беше отсужена Света Архиерејска Литургија. Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на  Надлежниот Архиереј на Американско-канадската македонска православна епархија Митрополит г. Методиј и повеќемина свештенослужители од канадското намесништво.

 
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беше извршен празничен водосвет, пресечен славскиот колач и беа избрани нови кумови за следната година. Потоа беше приредена трпеза на љубовта на која најмладите членови на ова наша црковна заедница се претставија со кратка  програма.

  


  

Извор: http://www.akmpe.org/

Посети:{moshits}