Во чест на големиот православен христијански празник Симнување на Cветиот Дух - Духовден, на 15 јуни 2008 година во Македонската православна црковна општина ' Св Георги Кратовски ' во Хамбург, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Македонската
православна епархија за Европа г-дин Пимен, одслужи Света Архиерејска Литургија.
По завршувањето на Светата Литургија беше одслужена Вечерна богослужба, и одржа пригоден говор пред верниците.
По завршувањето на Вечерната богослужба беше благословена заедничката трпеза на љубовта.
На 16 јуни 2008 година Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г-дин Пимен со членови од црковната општина на Св. Георги Кратовски од Хамбург беше примен од почесниот Конзул на Република Македонија во Хамбург Г-дин Ханс-Јурген Бош.
Од Хамбур, за Преминпортал, Васе Шопов
Посети:{moshits}