Во својата проповед Митрополитот Агатангел ја истакна големината на личноста на сите светители кои со својата преголема љубов кон Бога не само што потполно се предавале на Божјата волја подвизувајќи се, туку тие се труделе да градат и храмови во кој што христијаните секојдневно ќе се собираат на молитва а истовремено да учествувааати и на Светата Литургија причестувајќи се со Светите Тајни.
И денешните светители св. Константин и Елена се оние кои постојано се присетувале на зборовите на псалмопевецот Давид кој вели: „Ревноста за домот Твој ме изеде“, па изградиле многу бројни цркви во тогашна Византија која една од нив е и храмот на „Воскресение Христово“ во Ерусалим.
Така и во денешно време има места во нашата држава каде што нема храмови а народот има насушна потреба од дом Божји, па сите ние да се трудиме да помагаме во правење на добри дела на „нивата Господова“.
После Литургијата Митрополитот Агатангел отиде во селото Отовица каде што се наоѓа резиденцијата на Повардарскиот митрополит, осветувајќи темели за црква која ќе биде посветена на „св. Ѓорги Победоносец“. На осветувањето покрај многубројниот народ присуствуваше и градоначалникот на општина Велес г-дин Аце Коцевски и председателот на месната заедница на населбата Отовица господинот Стојче Јовановски.
известува: Никола Михаил