На 5 јуни, во Торонто, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - канадски г. Методиј присуствуваше на свечен прием во чест на Неговата Екселенција, др. Срѓан Керим, претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
По молитвата, обраќања кон гостите имаа министри од Онтарио и Канада, г-дин Мајк Зафировски и Неговата Екселенција др. Срѓан Керим. На свеченоста со своја изведба се претстави и ансамблот Македонка.
Неговото Високопреосвештенство имаше средби и разговори со голем број на македонски и канадски бизнисмени и луѓе од културата.
Посети: {moshits}