Денес (07.06.2008 ), во манастирот на св. Никола во с. Љубанци( скопско), во текот на Божествената Литургија, Архимандрит Фотиј ги венча чедата Божји Петар и Ана.
на празникот на Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител, во манастирот на свети Никола, с. Љубанци (скопско), игуменот на манастир Успение на Пресвета богородица во Берово, Архимандрит Фотиј, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нè возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нè учи на сè она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното. А кој ја позна сладоста на Светиот Дух, тој знае дека таа не може да се спореди со ништо. И не може повеќе да биде поробен од ништо на земјата, но поробен е само од љубовта Господова. И тој е покоен во Бога, и се радува, и плаче за луѓето, што не Го познале Господа, и ги сожалува. (старец Силуан Атонски)
Посети: {moshits}